Политика за поврат на средства

Индоор Гарден ДООЕЛ ќе врши поврат на средствата на потрошувачот, доколку биде направена погрешна уплата или од различни причини не се изврши достава на производот, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за направената уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Писменото барање и доказот за направена уплата ќе бидат благовремени доколку се испратени во рок од 10 дена (без наведување на причините и дополнителни трошоци) од денот на приемот на стоката.

Повратот на средства може да трае до 14 работни.дена од денот кога Индоор Гарден ДООЕЛ ги добил писменото барање и доказот за направената уплата.

Потрошувачот е должен стоката да ја врати на трговецот без одложување, а најдоцна во рок од 6 дена од денот кога ги испратил писменото барање и доказот за направената уплата.

Враќањето на средствата се врши со користење на истите средства за плаќање што ги користел потрошувачот во првичната трансакција. Трошоците за испорака нема да бидат вратени.

Писменото барање и доказот за направената уплата потрошувачот е должен да ги испрати по електронски пат или да ги испрати во писмена форма на адресата на Индоор Гарден ДООЕЛ.