Политика на приватност

Политиката на приватност на INDOORGARDEN.mk дефинира каде и како се чуваат личните податоци на сите купувачи на нашата интернет страна. Кога пристапувате или ја користите оваа веб-страница, или на било кој друг начин споделувате инфромации со нас, се согласувате со оваа Политика на приватност, вклучувајќи го начинот на кој ги користиме Вашите информации. Оваа Политика на приватност се однесува само за www.indoorgarden.mk. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни. Ако не се согласувате со оваа Политика на приватност, или со какви било измени што последователно ги правиме на оваа Политика на приватност, мора веднаш да престанете да ја користите веб-страницата или да споделувате какви било информации за нас.

Кои лични податоци ги собираме и зошто


Во името на INDOORGARDEN.mk ние се обврзуваме да ја заштитиме приватноста на сите наши посетители и купувачи. За успешно да ја процесираме Вашата нарачка, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса, e-mail адреса и телефонски број. Со овие информации, ние ќе можеме да Ви ги доставиме посакуваните продукти, но и да Ве известиме за моменталниот статусот на вашата нарачка. Ние ги собираме само потребните, основни кориснички информации и податоци кои се клучни за непречено спроведување на нашите деловни операции, да обезбедиме високо квалитетна услуга и да ги информираме нашите корисници во согласност со нашите деловни практики.

Индоор Гарден ДООЕЛ ќе ги користи Вашите лични податоци исклучиво за спроведување на процеси за техничка администрација на веб-страницата, да Ви овозможи пристап до специјални информации или да комуницира со вас. INDOORGARDEN.mk нема да ги продава податоците што ги поседува на трети страни или на слободниот пазар. Сите податоци за клиентите се строго зачувани и достапни само на вработените на кои им се потребни овие информации за да ги изврашуваат своите секојдневни деловни активности. Сите вработени во Индоор Гарден ДООЕЛ (и нашите деловни партнери) се одговорни да ја почитуваат и штитат Политиката на приватност. Ние никогаш и во никој случај нема да ги злоупотребиме Вашите приватни информации. Кога купувате на нашата веб-страница, безбедноста на податоците е гарантирана. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на NLB Banka и во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не се достапни на нашиот систем.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица.

INDOORGARDEN.mk може повремено да ја менува и надополнува Политиката на приватност без претходна најава и во било кое време. Ваше е правото повремено да ја проверувате Политиката на приватност при посета на нашата веб-страна.