Опис
Јапанди колекцијата е совршен спој на едноставноста, минимализмот и природата, која создава мирна и топла средина. Значењето на оваа колекција поаѓа и е инспирирана од Јапанди стилот на уредување ентериер.
Инспирацијата за Мини Зен градините на Indoor Garden потекнува токму од Класичните Зен градини.
Класичните Зен градини се создадени во храмовите на Зен будизмот во Кјотo. Тие се наменети да ја имитираат природата и служат како помош за медитација.
Цртањето на бранови во песокот се практикува за подобрување на концентрацијата и смирување на умот. Варијациите на линиите во песокот се креативен и инспиративен предизвик.
Димензии на садот
- Висина: околу 6 cm
- Дијаметар: околу 27 cm