Опис
Садот е исклучително издржлив, долготраен и лесен. Изработен е рачно од мешавина на бетон и природни материјали. Садовите се дел од Јапанди колекцијата на рачно изработени бетонски градини и садови за растенија – Concrete Gardens and Pots на Indoor Garden кои се изработени во неколку големини и форми.
Јапанди колекцијата е совршен спој на едноставноста, минимализмот и природата, која создава мирна и топла средина. Значењето на оваа колекција поаѓа и е инспирирана од Јапанди стилот на уредување ентериер.
Димензии на садот
- Висина: околу 10 cm
- Дијаметар: околу 24 cm
Начин на одржување
- Светлина: сончева позиција
- Полевање: 1 неделно, по малку (се полева супстратот по рабовите на садот)
*наша препорака: често температурата и влажноста во воздухот се различни во зависност од просторот, затоа повремено (идеално – секој втор ден) проверувајте ја влажноста на супсратот (земјата) со помош на дрвено стапче. Доколку е сува земјата – полејте.
- Пресадување: напролет