Уми (Nephrolepis) M

1800 ден

Мини декоративна градина за ентериер која е дел од Јапанди колекцијата на рачно изработени бетонски градини и садови за растенија – Concrete Gardens and Pots на Indoor Garden. Композицијата е аранжирана во уникатен сад изработен од природни материјали и бетон кој му дава посебен шарм на просторот.

Симболика: Симбол на среќа, вечна младост. Во некои култури е симбол на искренсот, нов живот и нови почетоци. За Јапонците, папратот го симболизира семејството и надежта за идните генерации.

Нема на залиха

Опис

Садот е исклучително издржлив, долготраен и лесен. Изработен е рачно од мешавина на бетон и природни материјали. Садовите се дел од Јапанди колекцијата на рачно изработени бетонски градини и садови за растенија – Concrete Gardens and Pots на Indoor Garden кои се изработени во неколку големини и форми.

Јапанди колекцијата е совршен спој на едноставноста, минимализмот и природата, која создава мирна и топла средина. Значењето на оваа колекција поаѓа и е инспирирана од Јапанди стилот на уредување ентериер.

Димензии на садот

  • Висина: околу 17 cm
  • Дијаметар: околу 21 cm

Начин на одржување

  • Светлина: индиректна сончева светлина или вештачко осветлување
  • Полевање: сака влага, редовно оросување и наводнување.

*наша препорака: често температурата и влажноста во воздухот се различни во зависност од просторот, затоа повремено (идеално – секој втор ден) проверувајте ја влажноста на супсратот (земјата) со помош на дрвено стапче. Доколку е сува земјата – полејте.

  • Пресадување: напролет

Информации за доставата

Испораката во околината на Скопје и останатите градови во државата е бесплатна.

Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.