Зен сет: Мини зен градина

1000 ден

Сетот содржи сѐ што ти е потребно да креираш своја мини зен градина, во која ќе можеш да црташ во песокот како техника за доживување на хармонија, баланс и спокој:

  1. Рачно изработен сад за растенија,
  2. Ситен песок,
  3. Камчиња собрани од морските брегови и
  4. Дрвено моливче за цртање во песокот.

Опис

Избистри го умот, доживеј спокојна хармонија и пишувај свои приказни за нацртаните цртежи во песокот на твојата мини зен градина.

Информации за садот за растенија

Името на садот Даен S потекнува од јапонскиот збор Daen кој значи елипса. Кружните линии на елипсата се поистоветуваат со несовршена елеганција и го претставуваат променливиот, а сепак хармоничен тек на животот.

Садот за растенија е дел од Јапанди колекцијата на садови за растенија која ја симболизира едноставноста, минимализмот, несовршеноста, удобноста и природата.  Значењето на оваа колекција поаѓа и е инспирирана од Јапанди стилот на уредување ентериер.

  • Висина: околу 9 cm
  • Дијаметар: околу 22 cm

Ситен песок, камчиња и дрвено моливче

Користи го цртањето во песокот како техника за доживување на хармонија, баланс, спокој и бистар ум.

Бајка за спокојна хармонија

Се верува дека секој нежен потег со моливчето во волшебниот песок на мини зен градините на Индоор Гарден е тајната со која се доживува хармонија, баланс, спокој и бистар ум, сега… и повторно, и повторно…

Во магичната земја Индоор Гарден, живееше зен самовила која со нејзините нежни крилја и волшебен прав надалеку беше позната како чувар на спокојот и хармонијата.

Еден ден, додека таа лесно леташе низ дворовите, наиде на златокоса принцеза. Приближувајќи се го почувствува внатрешниот немир на принцезата. Решена да ѝ олесни, зен самовилата го одбра Даен S садот за растенија и со своето волшебно стапче и самовилски прав го наполни садот со ситен песок, донесе неколку разнобојни камчиња од далечените морски брегови и создаде магично дрвено моливче за цртање во песокот, слично на своето волшебно стапче.

Кога мини зен градината беше спремна, ја одведе до златокосата принцеза. Цртајќи во песокот принцезата ја почувствува магијата на самовилата и ја разгори својата креативност, хармонија и спокој.

И така, ден денес, се раскажуваат многу бајки за сите нацртани цртежи во песокот на мини зен градините креирани од самовилите и за бајката за спокојната хармонија во срцето и умот.