ЧПП

Проблеми при правење нарачка? Прашање во врска со производите? До каде е твојата нарачка? Сè што би сакал/а да нè прашаш или да ни кажеш, можеш да го направиш тука.

E-mail: indoorgarden15@gmail.com

тел: 071 250 485 (понеделник до петок од 09:00 – 17:00)

НАРАЧКИ И ПЛАЌАЊЕ


Како да го пронајдам производот што сакам да го купам?

Најлесниот начин да пронајдеш производ што сакаш да го купиш е преку прелистување на главното мени кое е лесно за навигација. Во менито сите производи се подредени во категории и поткатегории. Ако точно знаеш кој производ го бараш, искористи го полето за пребарување во горниот десен агол.

Како функционира купувањето на INDOORGARDEN.mk?

Кога ќе го пронајдеш производот што сакаш да го купиш, едноставно ги селектираш посакуваните опции што се зададени за производот и потоа кликнуваш на копчето „Во кошничка“. Во кошничката можеш да ја зголемиш количината на кој било избран производ. Можеш да продолжиш со шопингот и да додаваш повеќе артикли во кошничката или да продолжиш на страницата за плаќање.

Дали треба да креирам корисничка сметка за да купувам од INDOORGARDEN.mk?

За да купуваш на INDOORGARDEN.mk не треба да креираш корисничка сметка. Доволно е само да ја внесеш твојата e-mail адреса и останатите барани иформации.

Како можам да извршам наплата?

Плаќањето на INDOORGARDEN.mk се врши само онлајн со платежни картички. Можеш да купуваш со сите дебитни и кредитни картички од која било банка (Visa, Mastercard, Maestro).

Кои лични податоци ги споделувам со вас во процесот на наплата?

За да се изврши наплата од твојата платежна картичка, во полето за наплата потребно е да ги внесеш следниве податоци: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, име и презимe на сопственикот на картичката, датум на важност на картичката, како и CVC/CVV код кој се наоѓа на задната страна на картичката.

Дали податоците кои ги внесувам при процесот на наплата се заштитени?

Секоја трансакција на INDOORGARDEN.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на NLB Banka. Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувaaт преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на NLB Banka и во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не се достапни на нашиот систем.

Дали можам да направам нарачка за друго лице?

Да,можеш да направиш нарачка за друго лице. Се што треба да направиш е при наплатата да ја избереш опцијата “Достави до друга адреса” при што ќе ти се отвораат повеќе полиња во кои треба да ги внесеш бараните податоци.

ДОСТАВА


Како се одвива доставата на производите?

Доставата на нарачките на INDOORGARDEN.mk се одвива според нашите правила за испорака.

За во Скопје (зони) за доставата се наплаќа фиксен надомест од 160 денари.

За останатите градови во државата, доставата се наплаќа 160 денари.

За колку дена ќе ми биде доставена нарачката?

Заради специфичноста на производите кои можеш да ги купиш на INDOORGARDEN.mk, времето за испорака е 2-15 дена во зависност од производот.

РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ


Производите кои ги купив ми беа испорачани оштетени? Како да ги вратам?

Кога ќе ја добиеш нарачката, провери го твојот пакет во присуство на курир. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да се прифаќа.

Ако ја примиш пратката и, откако ќе ја отвориш, воочиш дека испорачаните производи не одговараат на нарачката, те молиме исконтактирај нè на indoorgarden15@gmail.com за да ти дадеме инструкции како да ја замениш/дополниш нарачката.

Купив производи од INDOORGARDEN.mk но би сакал/а да ги вратам?

Како купувач имаш право да го вратиш производот кој си го купил/а доколку не ги исполни твоите очекувања. Производот кој го враќаш мора да биде во согласност со нашата Политика за поврат на производи, во спротивно повратот нема да биде прифатен.

Политика за поврат на производи

Производите мора да се вратат неискористени и неоштетени, приложени во оригинално пакување. Во случај враќањето да не може да се прифати, производот ќе му биде вратен на купувачот.

Рефундирање на средства

За сите производи кои ќе бидат успешно вратени, а за истите има побарување на поврат на средствата, истите ќе бидат вратени на сметката на кредитната/дебитната картичка со која се извршила наплатата на нарачката. Трошоците за испорака нема да бидат вратени. Повратот може да трае до 14 работни дена. За подетални информации прочитајте ја нашата Политика за поврат на средства.

Ако имаш било какви прашања или ти требат подетални информации за процесот на враќање, можеш да нè контактираш на indoorgarden15@gmail.com.