Одржување

Растенијата, исто како и луѓето, имаат потреба од внимание и нега.

Поттикнати од зелената уметност на флората и потребата на растенијата од соодветни услови и нега, нудејќи ја нашата експертиза создадовме три пакети за одржување, ревитализација, пресадување и нега на растенија.

Пакетите се прилагодуваат зависно вашите потреби и би ни претставувало вистинско задоволство заедно да го “пораснеме” зеленилото во сечиј ентериер. За да го направиме тоа, пополнете неколку брзи и кратки информации, а ние ќе бидеме пресреќни да ве слушнеме и контактираме.

Бонус инфромација која веруваме дека ќе ве израдува – како корисници на пакетите ќе добиете специјални бенефити кои се однесуваат на посебни попусти при купување на одржливите, декоративни градини за ентериер од Indoor Garden.

Репрезентативниот изглед на растенијата е условен од адекватните услови и соодветната нега.

Сѐ уште размислувате за важноста на зеленилото во ентериерот?

  • Растенијата преку природните процеси кои ги обавуваат, преземаат една од главните улоги во прочистување на воздухот во ентериерот со апсорбирање на токсините, зголемување на влажноста на воздухот и производство на кислород, што може да се максимизира преку нивно редовно одржување и соодветна нега.
  • Нашето здравје е во нераскинлива врска со балансот на природниот екосистем. Од воздухот кој го дишеме до храната која ја јадеме, растенијата и биодиверзитетот воопшто учествуваат во сите процеси кои ни се потребни за да се одржуваме здрави. Преку соодветна нега на растенијата истовремено се грижите за здравјето на вашите вработени и блиски.
  • Според голем број студии здравите растенија ја зголемуваат продуктивноста и креативноста кај луѓето.
  • Со одржливост и вложување во негата на зеленилото се грижите за природата во ентериерот, го негувате вашиот одржлив стил на живеење и работење, а со тоа се грижите за заштита на животната средина.

    Редовно одржување и нега на растенијаЛекување и ревитализација на растенијаПресадување и третман за нега на растенија

    Вашите лични податоци ќе се користат за обработка на вашата нарачка, подобрување на вашето искуство на оваа веб -страница и за други цели опишани во нашата Политика на приватност.