За нас

Уметност на флората

Indoor Garden е компанија која креира одржливи садови за растенија и декоративни градини за ентериер инспирирани од уметноста на флората.

Светскиот проблем со загадувањето и потребата за делување во корелација со животната средина, забрзаниот стил на живот, фактот дека луѓето голем дел од времето поминуваат во затворен простор и потребата за внесување на дел од природата во ентериерот се главните движечки фактори за формирање на Indoor Garden.

Одржливите садови за растенија и декоративните градини за ентериер на Indoor Garden како уникатна зелена уметност го негуваат концептот на одржливост, преку употреба на природни ресурси во процесот на производство на садовите и примена на циркуларна економија.

Зад Indoor Garden се наоѓа тим од ентузијасти, чија цел е да ја внесат оваа зелена уметност во животот на луѓето. Флората, сама по себе, со нејзината природна убавина го истакнува карактерот на секој ентериер, а малите градини како украсен елемент во дизајнот на ентериерот, денес доживуваат вистинска ренесанса. Тие можат во целост да го променат ентериерот претворајќи го во инспирирачки и енергичен простор. Помагаат во изразување на стилот и карактерот на сопствениците, а истовремено овозможуваат доближување на природата и најдоброто од неа поблиску до нас.

Освен, естетско уживање и разубавување на просторот, малите градини овозможуваат да се уживаат придобивките од растенијата преку ефикасното филтрирање на воздухот, а истовремено помагаат во опуштање и фокусирање, што доведува до зголемена продуктивност, креативност, генерирање на идеи и подобрување на квалитетот на животот.

Одржливите садови за растенија се уникатни, рачно изработени садови од природни материјали и бетон. Садовите од Еко колекцијата се изработуваат со употреба на отпадот како ресурс со што се придонесува кон заштита на животната средина и рециклирање пластика.

Колекции

Јапанди колекција

Јапанди колекцијата на мини декоративни градини за ентериер и садови за растенија е совршен спој на едноставноста, минимализмот и природата, која создава мирна и топла средина.

Мини декоративните градини за ентериер се композииции од растенија аранжирани во уникатни, бетонски садови кои му даваат посебен шарм на просторот.
Садовите за растенија се исклучително лесни, издржливи и долготрајни. Тие се рачно изработени од специјална мешавина на бетон и природни материјали.

Значењето на оваа колекција поаѓа и е инспирирана од Јапанди стилот на уредување ентериер.

Еко колекција

Еко колекцијата на одржливи декоративни градини за ентериер и садови за растенија е создадена водејќи се од визијата за делување во склад со природата и примена на циркуларна економија.

Мини еко декоративните градини за ентериер и одржливите садови за растенија се плод на поврзувањето на собните растенија во комбинација со садовите изработени со употреба на рециклирана пластика, бетон и природни материјали. Композициите се аранжирани со растенија во уникатни, еко садови кои се одржливи и пријатели на природата.

Одржливите садови за растенија се исклучително издржливи и долготрајни. Тие се рачно изработени со употреба на специјална мешавина на ситни гранули од рециклирана пластика, бетон и природни материјали, со финансиска поддршка од Фонд за иновации и технолошки развој – ФИТР.

Кога зборуваме за заштита на животната средина, помислуваме на целиот екосистем во кој сите живи организми се во една постојана, нераскинлива врска. Помислуваме на растенијата, кои се значаен извор на воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме и се присутни во речиси секој дел од нашиот живот. Од друга страна пак, не можеме да го прескокнеме светскиот проблем во справување со отпадот и делување во насока кон почиста животна средина, каде важна улога зазема циркуларната економија и употребата на отпадот како ресурс. Целта на рециклирањето е намалување на користењето на нови суровини и развивање на континуирана употреба на ресурси, каде во процесот на производство отпадот се употребува како ресурс за создавање нови производи.